10 компании и 3 HR менаџери, наградени за користење на успешни практики во развојот на своите вработени

На 18.12.2013, со почеток во 13 часот, во хотелот Александар Палас, на конференцијата “Стратешкиот пристап во развојот на вработените, клуч за успехот на една организација”, организирана од Центар за неформално образование Триаголник, беа наградени 10 компании и 3 HR менаџери, за нивните заложби во развојот на своите вработени.

DSCN14101-1024x768

Наградените компании беа избрани по претходно направена детална анализа на користените практики. Процесот на селекција и анализата на користените практики се одвиваше преку претходно направени интервјуа со водечките HR менаџери во компаниите. Се избраа оние 10 компании кои применуваат најдобри практики во развојот на своите вработени и тие се:

  • Телеком Македонија
  • Тутунска банка
  • Скопски легури
  • Дониа
  • Сивус
  • Макстил
  • Порше Македонија
  • Осигурување Македонија
  • Макотен дооел, Казино Фламинго Хотел
  • Дуна компјутери

Врз основа на истите тие анализи беа избрани и најуспешните 3ца HR менаџери и тие се следниве:

  • Лазар Поповски, главен директор за човечки ресурси на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија
  • Драги Тасевски,главен директор за човечки ресурси на Тутунска банка
  • Тања Филиповска Пенкова, главен HR менаџер во Скопски легури

Им честитаме!

Главни говорници на конференцијата беа:

Г-н Брендон Карсон, постар стратег на Британски Телеком, кој сподели конкретни примери и пракси при имплементацијата на систем за развој на човечки ресурси во компанија која брои над 80000 вработени, како и на кој начин истите тие пракси се поврзани со целите на организацијата и даваат придонес кон нејзиниот позитивен финансиски перформанс.

Г-н Зоран Иванов, долгогодишен и добро препознаен новинар, со нас сподели практични искуства и сознанија научени преку водење и развој на кадри и имплементирање на големи организациски промени во својот досегашен работен век.

Г-н Цветко Смилевски, основач и консултант на Детра центарот, кој сподели една перспектива на развојот на HR професијата во Македонија во изминативе 20 години.

Тргнувајќи од верувањето дека луѓето се двигатели на секоја организација, компанија или институција Триаголник ја организираше конференцијата за да им се овозможи на организациите, компаниите и институциите да го унапредат нивното знаење од областа на стратешкото инвестирање во човечкиот капитал, како и да им се даде признание на оние најуспешните.

Pin It