DSC04535-1024x576

Нашите учеснички ја завршија обуката посамоуверени и поасертивни!

На 26ти декември, 2013 заврши обуката за асертивност и градење на самодоверба. На истата учествуваа 9 учеснички. Обуката беше структуирана во 7 сесии, секоја систематски, логички и функционално подредена.
Обуката се реализираше во нашиот тренинг центар и оние кои ја поминаа сега знаат:
да ги контролираат своите емоции и да ги изразуваат своите негативни чувства и ставови на конструктивен начин;
да имаат самодоверба да ги решаваат проблемите со исход во кој и двете страни добиваат;
умеат да креираат позитивна слика за себе во насока на градење на сопствената самодоверба
знаат да ги идентификуваат своите потреби и истите да ги остварувате преку примена на техниките на асертивна комуникација;
знаат како да ги препознаат сопствените граници и можности да кажат „не“ кога тоа е потребно.
Каква беше обуката за учесничките?
Учесничките беа опуштени за време на обуката, споделуваа, активно слушаа и си помагаа меѓусебно со тоа што даваа различни размислувања, секоја од свој аспект. За време на обуката, имавме еден тим во кој едукаторите беа водичи кои ја даваа насоката,а останатото беше производ на групата. Од секоја сесија излегуваа насмеани и енергични, иако обуката се одржуваше во попладневните часови. Ја градеа својата самодоверба и научија како е да се биде асертивен.
Анета Спиревска, учесничка на обуката, на последната сесија изјави „Во оваа група навистина ми беше пријатно, мислам дека имавме чест да бидеме обучени од навистина професионални обучувачи. Сите вие сте едно делче од мојата самодоверба и ви благодарам за тоа .“
Особено беа позитивно изненадени од методите и не очекувале да наидат на толку топли, пријатни обучувачи. Не очекувале дека обучувачите ќе даваат лични примери и дека ќе бидат толку отворени. „Презадоволна сум од севкупниот ангажман на обуката, начинот на кој ни беа доближени работите, многу професионален, а воедно пријателски, отворен пристап кон сите нас! “, изјава од Моника Стојанова.
DSC04520-300x168
Обуката низ призмата на обучувачите
Обучувачите беа презадоволни од групата, беа на моменти дури и фасцинирани од составот на групата, собрана на едно место, во нашиот тренинг центар. Применетите методи ја постигнаа својата цел, секој од групата активно учествуваше во процесот и добиениот позитивен фидбек од групата, многу ни значи. Задоволството од успешно завршената работа беше очигледно и со нетрпение очекуваме учесничките повторно да не изберат нас, на друга тема, многу поасертивни и посамоуверени.
DSC04535-1024x576

slika1

Учесниците на обуката за развивање и управување на проекти финансирани од ЕУ поседуваат апликативни знаења!

На  24ти, декември, 2013 заврши обуката развивање и управување на проекти финансирани од ЕУ. На обуката 10 учесника кои одлучиле да инвестираат во зголемување на своите капацитети, се стекнаа со применливи знаења благодарение на искусните обучувачи и нивната несебичност во споделувањето на знаењата со учесниците.
Обуката се реализираше во нашиот тренинг центар и од истата учесниците се стекнаа со следните знаења:

• Идентификување на можности за финансирање на вашата организација
• Регистрирање и работа во ПАДОР
• Развивање на ефективни партнерства за проекти
• Подготвување на успешни проектни предлози (логичка рамка, успешно поставување на цели и подцели, ризици, остварени резултати, дефинирање на цели и план на имплементација)
• Проценка на нацрт апликацијата согласно критериумите за селекција
• Управување со договорот за грант

Каква беше обуката за учесниците?

Очекувањата на учесниците уште од почетокот на обуката беа многу реални и остварливи. Особено драго ни è што одговоривме соодветно на истите и учесниците го добија токму она кое што беше однапред уврдено. Процесот, на кој секогаш му даваме големо значење при учењето, е она од кое што тие беа најмногу задоволни. Еден од учесниците, кој што претходно бил дел од друга обука на Триаголник изјави дека токму овој е начинот на кој што тој може да учи, преку примери, преку обиди и грешки и секако пристапот кој што овозможи учесниците да имаат налик менторство од обучувачите. „Кога избирам обука на Триаголник, знам дека избирам квалитет“
Учесниците изјавија дека се чувствувале слободни за поставување на прашања и дека се чувствувале удобно за време на обуката што исто така е еден клучен предуслов за поквалитетен процес на учење.

slika1

slika2

Каква беше обуката низ призмата на обучувачите?

Комбинацијата од искуството на обучувачите во имплементација на европски проекти и нивното искуство и експертиза за водење на групи, односно како едукатори ја направи и оваа обука успешна и темелна во обезбедување на применливи знаења за групата.
Една од обучувачките напомена дека секогаш она што ја фасцинира од работата со групи е промената на начинот на размислувањата со текот на сесиите. „Видов промена од обично давање на идеа, кое започна на првите сесии и тргнувајќи од таму стигнавте до тоа да ја разработите таа идеа, да анализирате како да ја реализирате истата, размислувајќи пошироко, не гледајќи ја идеата како изолиран сегмент. “

slika3slika4

DSCN14101-1024x768

10 компании и 3 HR менаџери, наградени за користење на успешни практики во развојот на своите вработени

На 18.12.2013, со почеток во 13 часот, во хотелот Александар Палас, на конференцијата “Стратешкиот пристап во развојот на вработените, клуч за успехот на една организација”, организирана од Центар за неформално образование Триаголник, беа наградени 10 компании и 3 HR менаџери, за нивните заложби во развојот на своите вработени.

DSCN14101-1024x768

Наградените компании беа избрани по претходно направена детална анализа на користените практики. Процесот на селекција и анализата на користените практики се одвиваше преку претходно направени интервјуа со водечките HR менаџери во компаниите. Се избраа оние 10 компании кои применуваат најдобри практики во развојот на своите вработени и тие се:

  • Телеком Македонија
  • Тутунска банка
  • Скопски легури
  • Дониа
  • Сивус
  • Макстил
  • Порше Македонија
  • Осигурување Македонија
  • Макотен дооел, Казино Фламинго Хотел
  • Дуна компјутери

Врз основа на истите тие анализи беа избрани и најуспешните 3ца HR менаџери и тие се следниве:

  • Лазар Поповски, главен директор за човечки ресурси на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија
  • Драги Тасевски,главен директор за човечки ресурси на Тутунска банка
  • Тања Филиповска Пенкова, главен HR менаџер во Скопски легури

Им честитаме!

Главни говорници на конференцијата беа:

Г-н Брендон Карсон, постар стратег на Британски Телеком, кој сподели конкретни примери и пракси при имплементацијата на систем за развој на човечки ресурси во компанија која брои над 80000 вработени, како и на кој начин истите тие пракси се поврзани со целите на организацијата и даваат придонес кон нејзиниот позитивен финансиски перформанс.

Г-н Зоран Иванов, долгогодишен и добро препознаен новинар, со нас сподели практични искуства и сознанија научени преку водење и развој на кадри и имплементирање на големи организациски промени во својот досегашен работен век.

Г-н Цветко Смилевски, основач и консултант на Детра центарот, кој сподели една перспектива на развојот на HR професијата во Македонија во изминативе 20 години.

Тргнувајќи од верувањето дека луѓето се двигатели на секоја организација, компанија или институција Триаголник ја организираше конференцијата за да им се овозможи на организациите, компаниите и институциите да го унапредат нивното знаење од областа на стратешкото инвестирање во човечкиот капитал, како и да им се даде признание на оние најуспешните.

successful-business1

HR конференција-18ти декември

“Стратешкиот пристап во развојот на вработените, клучен за успехот на една организација” е конференцијата која Центар за неформално образование – Триаголник ја организира на 18ти декември, со почеток во 13 часот, во хотел Александар Палас.

successful-business1

Тргнувајќи од верувањето дека луѓето се двигатели на секоја организација, компанија или институција Триаголник организира конференција која ќе им овозможи на организациите, компаниите и институциите да го унапредат нивното знаење од областа на стратешкото инвестирање во човечкиот капитал.
Учесниците ќе имаат можност да слушнат, директно од искусните практичари од Република Македонија и Европа, за конкретните практики на развој на вработени кои придонесуваат кон зголемување на ефикасноста, продуктивноста и мотивираноста на вработените. Поточно, за примената на практиките кои овозможуваат подобрување на работниот перформанс и континуирана трансформација на секој вработен и неминовно водат кон постојан развој и одржливост на една организација.
Главни спикери на конференцијата ќе бидат:
- Г-дин Брендон Карлсон, постар стратег во Британски Телеком, една од водечките компании во Европа
- Г-дин Зоран Иванов, долгогодишен новинар и програмски директор во 24 Вести
- Проф.д-р Цветко Смилевски, основач и водечки консултант во ДЕТРА Центар
Во рамките на конференцијата ќе бидат наградени и 10 македонски компании кои користат најдобри практики за развој на вработени. Во процесот на селекција беа вклучени 100 компании. Изборот на најдобрите 10 е направен врз основа на детална анализа на нивните системи и практики за инвестирање во човечкиот капитал.
Центар за неформално образование – Триаголник континуирано работи на унапредувањето и развојот на човечкиот капитал, на национално и регионално ниво. Главен фокус на Триаголник е развојот на капацитетите на индивидуите, организациите и институциите преку обуки, тренинзи, универзитетски програми. Со вложување во целокупниот развој на сите претходно споменати ентитети се дава придонес кон градење на квалитетни индивидуи, оддржливи организации, ефикасни институции и конкурентни компании.
За подетални информации контактирајте со Мирјана Ѓорѓевска:
mirjana.gjorgjevska@triagolnik.org.mk
071 224 314.

P10200383

256 жени подготвени за вработување

На 11 декември, со почеток во 12:30 часот, во хотел Александар Палас се одржа свечено доделување на дипломи на 256 учеснички по повод завршувањето на Интегрираната програма за развој на компетенции за вработување.

P10200041Конференцијата ја отвори Евроамбасадорот Аиво Орав, шеф на делегацијата на ЕУ во Република Македонија кој им посака добредојде на присутните и им честита на учесничките за нивното активно учество во програмата и резултатите остварени. Воедно, тој ја нагласи важноста од имплементацијата на оваа програма за евроинтеграциските процеси на Република Македонија во делот на намалувањето на високата стапка на невработеност, креирање на инклузивен пазар на труд, генерирање на раст и општествена стабилност.
Интегрираната програма за развој на компетенции за вработување се спроведуваше во рамките на проектот, Зголемување на потенцијалите за вработување кај жените од етничките малцинства на пазарот на трудот, поддржан преку Сектор за централно финансирање и склучување на договори – Министерство за финансии, во рамките на ИПА 4 – Оперативна програма за развој на човечки ресурси (2007-2013). Во проектот учествуваа 240 жени, на возраст над 35 години, од Тетово, Гостивар, Струга и Скопје кои имаа можност преку ЕСЕ обуката за вработување и само-вработување, обука за компјутерски вештини, вокациони обуки и соодветни пракси во локални компании, да се стекнат со потребните компетенции за вработување и да земат активно учество на пазарот на трудот.

P10200383Учесничките го сметаат ова искуство за многу вредно и корисно.“Ми се допадна тоа што запознав нови луѓе и научив многу работи кои ќе ми користат за зголемување на моите можности за вработување. Јасно ми е како се прави бизнис план, па сум поткована со знаење кое можам да го искористам доколку во иднина одлучам да отворам свој бизнис. Особено ми е драго што покрај стекнатите знаења поминав и практична работа, а претходно никогаш не сум помислила на такво нешто”- Кујтиме Беќири, Гостивар
Центар за неформално образование Триаголник веќе 10 години работи на унапредување и развој на човечкиот капитал на национално и регионално ниво. Преку обуки, тренинзи, универзитетски програми и консултантски услуги работиме на развој на капацитетите на индивидуите, организациите и институциите истовремено придонесувајќи кон развој на едно стабилно економско општество.