Business people silhouettes

50 лица на раководни позиции ги развиваа своите вештини

Во текот на месец февруари, 2014 година, се одржаа 3 обуки за 50 раководители на македонски компании и државни институции. Темите на обуките беа следниве:

  • Трансформација на конфликти во работна средина (6ти и 7ми февруари)
  • Преговарачки вештини (13ти и 14ти февруари)
  • Стратешки менаџмент на човечки ресурси  (26ти и 27ми февруари)

Business people silhouettesОвие три обуки беа дводневни и се одржаа во тренинг центарот на Триаголник. На секоја од обуките се работеше по методологијата на неформално образование, преку која се поттикнуваа учесниците да се вклучуваат активно во дискусиите. Интерактивноста  тие самите ја издвоија како еден од најзначајните елементи од обуките. Можноста да споделуваат искуства од нивната работна средина придонесе и на зададените вежби да одговорат со ентузијазам и самите да ја најдат практичната примена на знаењата со кои се стекнуваа. Употребата на едноставни изрази, малку теоретски инпут со фокус на применливото  и овој пат даде резултати кои придонесоа задоволството од успешно спроведените обуки да биде обострано.

Коментари на учесниците:

Исклучителна обука на која се стекнав со знаења кои практично може да се применат во приватниот и професионалниот живот.Наташа ГлигоровПорше Македонија

Обуката за Трансформација на конфликти во работна средина беше одлична можност за личен и професионален развој. Доколку сакате мислењата, знаењата, вештините и пред сè впечатоците да ги паметите како едно позитивно искуство кое може навистина да ве промени, треба да учествувате на една ваква обука! – Александра Јадровска, АД Европа

Вистинско задоволство е да се соработува со Триаголник! Професионални, стручни, позитивни и максимално ангажирани!- доц. Д-р Марија К. Димовска, ЕЛЕМ РЕК Битола

Учесниците на обуките се пријавија за време на конференцијата „Стратешкиот пристап во развојот на вработените, клуч за успехот на една организација“, која се одржа во декември минатата година.

Чекор напред во заложбите за комплементарност на формалното и неформалното образование во Македонија

Центар за неформално образование Триаголник од Скопје и Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ од Охрид,  потпишаа Меморандум за соработка, што претставува уште еден чекор во заложбите за комплементарност на формалното и неформалното образование и дава непроценлив придонес во осигурување на доживотното учење кое е основа за креирање на општество базирано на знаење.

Оваа соработка оди во прилог на заложбите на Р. Македонија за воведување на концептот на доживотно учење кој претполага дека луѓето, а пред се младите треба уште во текот на нивното образование да се стекнат со вештини и навики за континуирано учење и лична и професионална надградба. Оспособувањето за ваков пристап во учењето треба да биде преку интегриран пристап каде секоја форма на образование треба да биде ставена во функција на развивање на свест и интелектуален капацитети за учење низ целиот живот.

„Улогата на неформалното образование е во насока на градење на оние капацитети кои формалното образование по својата природа не е во можност да ги развива и тоа главно оди во насока на развивање на лични вештини но и компетенции за доживотно учење, дефинирани од страна на Советот на Европа. Во однос на ова, се надополнуваме со универзитетот од аспект на тоа што поседуваме соодветна експертиза во областите на кои се однесуваат компетенциите – комуникација, информатички технологии, развивање на способност за учење, социјални и граѓански компетенции и иницијативност и претприемништво“ – вели г-дин Жарко Трајков, Извршен директор на ЦНО Триаголник.
„Она што како резултат треба да произлезе од оваа соработка се првенствено академски граѓани, интелектуалци кои се комплетно изградени личности и на професионално и на лично ниво, свесни за динамичноста на времето во кое живеат и способни да се адаптираат на потребите на пазарот на трудот. Од друга страна пак, оваа соработка треба да внесе нов дух на размена на практични искуства помеѓу двете институции и споделување на експертиза, вредности и принципи на работа“ – изјави проф. д-р Иван Бимбиловски, Проректор за финансии, инвестиции и развој при УИНТ „Свети Апостол Павле“, Охрид.

Информацијата за соработката е објавена на следните медиуми: