MomentumWorld, организација од Лондон организира курс за млади лидери, на кој што ќе учествуваат двајца млади лидери од Македонија. Курсот се имплементира од 2010 година и претставува учење преку иновативна, интензивна, интерактивна програма која е комбинирана со интересни социјални активности и посети како што е посетата на Парламентарната зграда, посети на компании, организации во Лондон, фантастична бродска забава и крстарење по реката Темза.
Што добивате?
Учесниците на овој тренинг ќе се здобијат со разбирање на нивниот личен лидерски стил, кариера, амбиции и мотивација и кои се следните чекори што треба да ги преземат за нивен кариерен напредок. Искуствата од минатогодишните тренизни се одлични и честопати учесниците кажуваат дека успеале да најдат ново вработување, нови идеи, достигнале повисоко ниво на самосвесност и секако создале нови пријателства. Вештините и знаењата кои се развиваат за време на оваа тренинг програма најчесто се достапни само за професионалците во корпоративниот сектор во Велика Британија.
Едукатори: Покрај тимот на Momentum, (партнерска организација на Триаголник), еден од едукаторите ќе биде и Paul van Casteren, професионалец кој работи со менаџери од мултинационални компании и воедно главен менаџер за човечки ресурси во една од водечки компании во ВБ.
Процес на селекција: Триаголник бара двајца млади, мотивирани, неодамна дипломирани, професионалци или пак студенти, на возраст од 20-25 години. Заинтересираните кандидати можат да аплицираат испраќање на мотивациско писмо и CV, на obuki@triagolnik.org.mk најдоцна до 10ти јуни. Доколку ви се потребни дополнителни информации пред да аплицирате, побарајте не на: 071 247 202.
За оваа тренинг програма избраните двајца учесници ќе биде потребно да платат партиципаја од 250 евра, која е воведена со цел да се обезбедат најдобрите услови за одржување на тренинг програмата, како што се сместување, храна и социјална програма.
Трошоците за виза како и патните трошоци ги покрива организаторот MomentumWorld.
Корисни линкови со информации за програмата: http://www.momentumworld.org/programmes/international-leaders/ and http://www.momentumworld.org/momentum-films/
Project-info-LeadershipEmployability-2015.pdf