256 жени подготвени за вработување

На 11 декември, со почеток во 12:30 часот, во хотел Александар Палас се одржа свечено доделување на дипломи на 256 учеснички по повод завршувањето на Интегрираната програма за развој на компетенции за вработување.

P10200041Конференцијата ја отвори Евроамбасадорот Аиво Орав, шеф на делегацијата на ЕУ во Република Македонија кој им посака добредојде на присутните и им честита на учесничките за нивното активно учество во програмата и резултатите остварени. Воедно, тој ја нагласи важноста од имплементацијата на оваа програма за евроинтеграциските процеси на Република Македонија во делот на намалувањето на високата стапка на невработеност, креирање на инклузивен пазар на труд, генерирање на раст и општествена стабилност.
Интегрираната програма за развој на компетенции за вработување се спроведуваше во рамките на проектот, Зголемување на потенцијалите за вработување кај жените од етничките малцинства на пазарот на трудот, поддржан преку Сектор за централно финансирање и склучување на договори – Министерство за финансии, во рамките на ИПА 4 – Оперативна програма за развој на човечки ресурси (2007-2013). Во проектот учествуваа 240 жени, на возраст над 35 години, од Тетово, Гостивар, Струга и Скопје кои имаа можност преку ЕСЕ обуката за вработување и само-вработување, обука за компјутерски вештини, вокациони обуки и соодветни пракси во локални компании, да се стекнат со потребните компетенции за вработување и да земат активно учество на пазарот на трудот.

P10200383Учесничките го сметаат ова искуство за многу вредно и корисно.“Ми се допадна тоа што запознав нови луѓе и научив многу работи кои ќе ми користат за зголемување на моите можности за вработување. Јасно ми е како се прави бизнис план, па сум поткована со знаење кое можам да го искористам доколку во иднина одлучам да отворам свој бизнис. Особено ми е драго што покрај стекнатите знаења поминав и практична работа, а претходно никогаш не сум помислила на такво нешто”- Кујтиме Беќири, Гостивар
Центар за неформално образование Триаголник веќе 10 години работи на унапредување и развој на човечкиот капитал на национално и регионално ниво. Преку обуки, тренинзи, универзитетски програми и консултантски услуги работиме на развој на капацитетите на индивидуите, организациите и институциите истовремено придонесувајќи кон развој на едно стабилно економско општество.

Pin It