Име на проект: Активни граѓани

Локација на проектот: Скопје, Теарце; Куманово; Кавадарци; Делчево

Во рамки на проектот 100 избрани учесници го посетуваа шестмесечниот курс Основи на младинска работа во заедницата, кој им овозможи да станат активни граѓани и да создаваат позитивни промени во својата заедница.

Целта на овој курс е младинските лидери и лицата кои професионално или волонтерски директно работат со млади да стекнат знаења и вештини на полето на социјална едукација и неформално образование.

Содржина на Курсот
Курсот Основи на младинска работа во заедницата се состои од 6 образовни целини кои ќе ги оспособат учесниците во следниве области: вовед во младинска работа и неформално образование, етика во работата со млади, менаџмент на себе и другите, планирање на работата со млади, работа со индивидуи, работа со конфликт и различности, работа со групи.

По завршувањето на обуката, учесниците во проектот реализираа развојни проекти со млади во зависност од потребите на својата заедница, поттикнувајќи го духот на активни граѓани. Проектите се фокусираа на темите невработеност, мултиетничка соработка, еднакви можности и разноликост и заштита на животната средина.

Дополнителни информации:

- Програмата Активни граѓани  Британски совет ја спроведува од 2009 година во 20 земји во Европа и 8 земји во Африка и Азија.

- Триаголник го спроведува овој курс трета година по ред. Курсот е развиен врз основа на моделот на специјализираната програма за Лидерство и развој на младинска работа во заедницата која од 2002 година се имплементира во соработка со Универзитетот Јончепинг од Шведска. Благодарение на соработката со Британски совет, оваа година програмата на курсот се надградува со нови концепти од програмата Активни граѓани.

Pin It