Име на проект: Дебатен клуб

Локација на активности: Скопје, Македонија

Општа цел:

Да се придонесе кон развивање на механизам кој ќе ги оспособи младите да станат активни во своите заедници и ќе ги охрабри да се вклучат активно во создавањето на демократско општество преку иницирање на позитивни промени.

Специфични цели:

  • Да се зајакнат капацитетите на група средношколци за критичко размислување, ефективна комуникација и соработка
  • Да се развијат професионалните капацитети на група средношколци од областа на англискиот јазик и ораторството
  • Да се зајакнат капацитетите на професорите за да може да иницираат позитивни промени кај нивните ученици преку примена на методи на неформално образование

Резултати:

  • Младите ги имаат подобрено нивните комуникациски вештини и разбирањето на англискиот јазик, со што ги имаат зајакнато нивните професионални капацитети
  • Младите имаат развиено поголемо разбирање за потребите и интересите на другите етнички заедници
  • Училиштата имаат обучен кадар, способен да имплементира неформално образование во рамките на екстракурикуларните активности
  • Намалено ниво на предрасуди од етничка и културна природа, постигнато преку директен контакт со  млади од различна етничка припадност, работа на сензитивни прашања во етнички мешани групи  и размена на мислења

Организиран натпревар во дебата

Pin It