Име на проект: Подобрени компетенции на вработените и штитениците од Детски дом “11 Октомври” со цел независно живеење

Локација на активности: Скопје, Македонија, Институција за грижа на деца без родители и родителска грижа, Детски дом “11 Октомври” Цели: Да се подготват штитениците од домот за живот по излегување од институцијата со цел да бидат покомпетенти за водење на независен живот. Моделот на младинска работа во домот ќе води кон олеснување на социјалната интеграција на децата и младите кои живеат во домот.

Резултати:

  • Штитениците од домот имаат вештини, знаење и соодветен став кој им помага да започнат независен живот. Децата и младите учествуваат во активности надвор од институцијата.
  • Вработените од домот имаат вештини и знаење кои им овозможуваат да практикуваат младинска работа и неформално образование за да ги подготват штитениците за независен живот.
  • Локални и национални институции ги земаат предвид потребите на штитениците во подготовката на нова легислатива и во креирањето на различни механизми кои се однесуваат на оваа целна група.
  • Капацитетите на ТРИАГОЛНИК се зајакнати и може да понуди експертски/консултантски услуги. ТРИАГОЛНИК има образовани волонтери.
Pin It