IMG_1308

(mk) Триаголник на саемот за образование и кариера

Центар за неформално образование Триаголник, учествуваше на саемот за образование и кариера кој се одржа во периодот од 10ти април до 12ти април.

На овој саем ги презентиравме услугите кои ги нудиме за бизнис секторот, граѓанските организации и институции, но воедно и обуките за индивидуи. Оние кои се заинтересирани за надградување на своите лични вештини, ги изненадивме со саемска понуда, попуст од 50% на двете обуки: Комуникациски и презентациски вештини и Асертивност и градење на самодоверба.

Директната средба со посетителите на саемот придонесе да воспоставиме директен контакт со потенцијалните корисници на нашите услуги и  овозможи тие да се информираат за услугите кои ние ги нудиме и воедно да ги изнесат своите потреби, во однос на нивниот понатамошен личен и професионален развој.

Значаен беше контактот со странските универзитети кои беа излагачи на овој саем и за кои беше навистина интересен нашиот начин на работа, особено нашата процесна ориентираност кон развивањето и зајакнувањето на капацитетите како на индивидуите така и на бизнис секторот, организациите и институциите.

Освен можноста да се пријават на некоја од обуките, оние кои го посетија нашиот штанд имаа можност да ги споделат своите иновативни идеи за обука и да учествуваат во изборот на најиновативна обука кој е сеуште во тек.