Име на проект: Интегрирана програма за компетенции за вработување (IPA- Human Resource Development 04 06 01) Локација на активности: Скопје, Тетово, Гостивар и Струга Општа цел/и:

  • Жени од етничко албанско потекло, во селектираните општини да се стекнат со компетенции и самодоверба за активно вклучување во процесот на вработување;
  • Пошироката заедница да ја поддржи интеграцијата на жените од албанско етничко потекло на пазарот на трудот.

Специфични цели:

  • Селектираните жени да стекнат информации, компетенции и волја за учество на пазарот на трудот, како и да стекнат вештини за специфични работни места релевантни за нивната средина;
  • Селектираните жени се обучени и самоуверени да иницираат можности за вработување или самовработување;
  • Селектираните заедници ја поддржуваат инклузијата на жените во процесите на вработување;
  • Креирани се долгорочни механизми на локално ниво кои ги поддржуваат жените во процесот на барање и креирање на можности за вработување.
Pin It