Поседувањето добри комуникациски и презентациски вештини претставува уметност да успеете да им ги пренесете вашите идеи на другите луѓе. Ако се фрустрирате затоа што не можете да го пренесете она што сакате да го кажете и ако сакате луѓето навистина да ве слушаат и да ве разбираат оваа обука е токму за вас!

Presenting strategy

Преку оваа обука ќе научите како да комуницирате со вашето опкружување, како да се презентирате себе си и како да го надминете стравот од презентирање пред публика и на тој начин да креирате на позитивен имиџ за себе.

За кого е наменета оваа обука?

Оваа обука е пред се наменета за сите оние кои допрва ќе започнат со работа бидејќи комуникациските и презентациските вештини се клучни за успех на работното место, а не се стекнуваат преку формалното образование.

Што добиваат учесниците од оваа обука?

По завршувањето на оваа обука, учесниците:

  • ќе знаат како да комуницираат ефективно и ќе бидат способни да ги препознаат и елиминираат факторите кои можат да бидат пречка за ефективна комуникација;
  • ќе умеат ефективно да креираат, пренесуваат и примаат пораки во работно опкружување;
  • ќе бидат свесни за сопствениот стил на комуникација и ќе бидат способни да ги идентификуваат точките за подобрување;
  • ќе бидат свесни за пораките кои ги праќаат преку невербалната комуникација и ќе знаат како истата да ја користат во насока на поефикасно комуницирање со колегите;
  • ќе знаат како да планираат и структурираат и извршат успешна презентација;
  • ќе знаат како ефективно да ја користат вербалната и невербалната комуникација во процесот на презентирање;
  • ќе умеат соодветно да користат визуелни помагала;
  • ќе се стекнат со практични техники за надминување на тремата при презентација

Кога и каде ќе се спроведе обуката?

Обуката содржи 16 часа директна работа со групата. Во текот на обуката ќе има по две кафе паузи по ден и по една пауза од 30 минути. Обуката ќе се одржи во Тренинг центарот на Триаголник. На крајот од обуката секој учесник добива сертификат.

Преземете ја деталната програма од обуката: содржина на обуката за комуникациски и презентациски вештини

Цена на обуката: 3000 денари

За пријава на вашето учество потребно е да ја пополните Апликацијата за учество и да ја испратите заедно со потврдата од уплата на вкупниот износ до info@triagolnik.org.mk
Содржина на уплата:
• Цел на дознака: Уплата за обука
• Назив и седиште на примачот: Центар за неформално образование Триаголник
• Банка на примачот: Прокредит Банка
• Трансакциска сметка: 380118317300170
Цена: 3000 ден
Времетраење:  16 работни часа
За подетални информации можете да не контактирате секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот на:
тел: +389 70340053
Pin It