Конципиран како мултимодуларна обука, која опфаќа различни модули и методи на учење, овој курс е наменет за граѓански организации кои сакаат конципирано, стратешки издржано, функционално и на долгорочен план да ги остваруваат своите цели, задачи и програми.  Капацитетот за застапување и лобирање е клучен за зајакнување на граѓанскиот сектор, негово интегрирање и зголемено учество во граѓанскиот сектор. Триаголник има долгогодишно искуство и експертиза во успешно спроведување на обуки од оваа област. Доказ за тоа е и фактот што само во 2012 година беше спроведена програма за зајакнување на капацитетите на 63 активисти од 32 граѓански организации од Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Програмата ги опфаќа следните теми:

  • вовед во застапување и лобирање
  • правни рамки и спроведување на општествено истражување
  • развивање на партнерство и вештини на преговарање
  • менаџирање на кампањите за застапување
  • изготвување на политики
  • односи со јавност и социјален маркетинг
Pin It