Оваа услуга е наменета за организации и институции кои работат со млади, како што се младински граѓански организации, училишта, градинки, социјални институции и слично. Услугата има неколку применливи цели: да се унапреди квалитетот во работата со млади, да се подобрат резултатите од услугата, и конечно – да се зголемат бенефитите и резултатите кои младите ги добиваат од организациите/институциите.

Тргнувајќи од долгогодишното искуство и еднодецениската експертиза на Триаголник во оваа област, дојдено е до најсоодветниот и најфункционалниот модел за работа со млади. Експертското консултантство за квалитетна работа со млади опфаќа:

  • Примена на пристап ориентиран кон детето – менторство, промена на процедури и политики
  • Развој на политики и процедури за заштита на детето
  • Пристап базиран на човекови права
  • Развој на програми за работа со млади, кој се фокусира на следните алатки и практики:
    • Младинска партиципација
    • Волонтерство
    • Лидерство
    • Методологија на неформално образование
    • Индивидуална работа со млади
    • Работа со групи
    • Заштита на деца и детски права
Pin It