Наменета за сите оние кои се заинтересирани или имаат потреба да се развиваат на полето на младинската работа и неформалното образование, Триаголник го нуди своето професионално искуство и експертиза, базирано на еднодецениска работа во истата област. Особено интересна за наставно-воспитниот кадар од основните и средните училишта. Целта е да се даде експертиза и поддршка во процесот на унапредување на нивните компетенции со цел подобрување на квалитетот на нивната работа со млади.
Концепциски поделена во две нивоа, програмата опфаќа:
Ниво 1
- вовед во младинска работа и личен развој
- период на адолесценција
- менаџирање во рамките на младинска работа
- работа со индивидуи
- работа со конфликти и различности
- работа со групи
Ниво 2
- основни принципи на обука во контекст на младинската работа
- спроведување на општествено истражување во контекст на младинската работа
- развивање на програма за обука: поставување на цели, имплементација и евалуација
- обука – практична примена во реална средина
- специфични теми кои се обработуваат преку обука
Во рамките на оваа програма предвидена е и практична работа за учесниците како и индивидуална поддршка во вид на туторијали.