
Менаџментот е една од вештините која сè повеќе добива на важност и многу работодавци ја набројуваат како предуслов/предност при вработување. Менаџментот е вештина, клучна за успехот, функционалноста, ефективноста и ефикасноста на една компанија или организација. Стекнатите знаења ќе ви овозможат да учествувате како менаџери или тим лидери, и да бидете врвни професионалци од оваа област.
Содржина на обуката:
- основни поими на менаџирањето
- концепти и фази на проектен циклус
- ефективност и исплатливост (cost-benefit)
- анализа на внатрешно и надворешно опкружување и анализа на засегнати страни
- формулација на SMART цели
- претпоставување и менаџирање на ризици
- финансиско раководење
- мониторинг, евалуација и интервенција
- менаџмент базиран на резултати
- менаџирање на човекови ресурси
- мотивација
- донесување на одлуки
Наменета за сите оние кои сакаат да се обучат во областа на менаџмент, оние кои веќе работат во оваа област во јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор, сопственици на мали бизниси, сите кои се наоѓаат на раководни позиции или едноставно сакаат да ја унапредат ефикасноста на својата работа.
Преземете ја деталната програма од обуката: Програма за обука за менаџмент
Цена: 9000 ден
Локација: Скопје, Триаголник – тренинг центар
Времетраење: 28 часа
За пријава на вашето учество потребно е да ја пополните Апликацијата за учество и да ја испратите заедно со потврдата од уплата на вкупниот износ до info@triagolnik.org.mk
Содржина на уплата:
• Цел на дознака: Уплата за обука
• Назив и седиште на примачот: Центар за неформално образование Триаголник
• Банка на примачот: Прокредит Банка
• Трансакциска сметка: 380118317300170
За подетални информации можете да не контактирате секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот на:
меил: info@triagolnik.org.mk