Методологија клучна за успехот

Она што Триаголник го разликува од останатите е методологијата на работа. А до успешната методологија која дава резултати е дојдено преку 15 годишно искуство и практикување на различни модели и методи.  Нашиот фокус е да креираме видливи резултати. Резултати кои доаѓаат веднаш, со апликативни решенија кои функционираат и на долг рок. Целта ни е применливо знаење и промена на личните ставови за да дојде до промена на однесувањето. Токму таа промена е клучниот резултат, затоа што само тоа гарантира понатамошно успешно спроведување на наученото.  И успех!

Зошто Триаголник е најдобриот партнер за вашата лична,  професионална и бизнис трансформација?

Затоа што:

Ние знаеме-Тимот на Триаголник континуирано се наградува и ги збогатува своите капацитети, вештини и знаења низ постојана обука и учење. Нашата експертиза и професионалност е резултат на долг процес на постојано надградување. Затоа ние сме ресурсен центар број 1 во областа на услуги и обуки за индивидуи, бизнис, граѓанскиот и јавниот сектор.

Ние слушаме – Вие и вашиот успех сте на прво место, и ние внимателно ги слушаме вашите потреби, специфични барања и уникатни карактеристиики. Спроведуваме детална анализа на вашите индивидуални, организациски и бизнис потреби, за да го создадеме модел и стратегија кои ќе се прилагодат на вашите специфичности на тој начин гарантирајќи максимален резултат.

Ние препознаваме- Детектирајќи ги вашите специфичности, ние го приспособуваме нашиот пристап според вашите потреби. Користиме модел кој се базира на функционалноста на услугите и обуките и кој треба да резултира со минимизирање на најчестите грешки со цел максимизирање на резултатот. До тој модел доаѓаме преку темелна анализа на функционалноста на обуките, плановите и стратегиите, со цел да ги елиминираме недостатоците и пречките кои водат кон слаба реализација.

Ние се прилагодуваме- Користејќи пристап по мерка, се осигуруваме дека она што ќе го испорачаме е она што е најдоброто за клиентот и најдобро соодветствува на неговите потреби. И гарантира успех. Затоа нашиот пристап во себе вклучува и дефинирање на очекувани цели, резултати и конкретни мерила за успех, како и примена на континуирани механизми за контрола на квалитетот на испорачаните услуги и постигнатите резултати.

Ние менуваме- целта е да ги промениме ставовите кои се клучни за развој на личните, професионалните и капацитетите на индивидуите, бизнисот, организациите и институциите. Само на тој начин доаѓа до промена на однесувањето на начин на кој се гарантира успех и примена на наученото. Затоа ние испорачаме применливо знаење, преку практична работа и индивидуален пристап искуствено да се восприемат знаења, користејќи го IKAB моделот на неформално образование.

Ние креираме-Испорачуваме решенија кои генерираат успех. Не само што резултатите се видливи веднаш, туку успешно функционираат и на долг рок. Тоа е резултат на нашата експертиза, внимателно селектирани методи и пристап и долгогодишното професионално искуство.

Ние гарантираме-Успех кој е недоминлив. Стоиме позади она што го испорачуваме и гарантираме за успехот. Директното работење со клиентите, фокусот на стратегии кои функционираат, имплементација на знаење преку пракса, применливи решенија, докажани модели и пристапи-тоа се елементите кои гарантираат успешност.

Ние остваруваме-доказ за тоа се 15.000 поединци кои поминале низ нашите и над 200 организации и институции кои поминале низ процесот на градење капацитети. Го прошируваме нашето поле на дејствување освојувајќи го и бизнис секторот, преку нашите програми за стратешко планирање и развој. Нашата експертиза е препознаена и барана не само во Македонија, туку и во регионот.

Не ви ветуваме многу, само едно нешто – дека со нас ќе успеете! Ако барате партнер кој ќе гарантира за вашиот успех, не лутајте, пронајдете го во Траиголник!

Pin It