Име на проект: Млади, Способни, Свесни
Локација на активности: Македонија, Србија, Црна гора, Босна и Херцеговина, Хрватска
Развојна цел:
Младите луѓе се способни, организирани и активни граѓани, препознаени и активно придонесуваат кон создавање на демократско и мирољубиво општество
Програмска цел:
Да се зајакнат капацитетите на таргетираните групи на млади луѓе и да се поддржат во барањето на нивните права и активно учество во процесот на донесување на одлуки во општеството.
Резултати:
- Специфичните носители на одговорност се свесни, образовани и способни да ги заштитат спесифичните права на младите
- Специфичните владини и граѓански организации ја препознаваат младинската работа во заедницата како алатка за развој на младите
- Таргетираните групи на млади имаат вештини и знаење за да превземат проактивна улога во промовирање и практикување на нивните права.
- ТРИАГОЛНИК има одржлива структура за да испорача квалитетни програми со примена на пристап базиран на права
- ТРИАГОЛНИК има база на различни донатори