Име на проект: Младите и клучните компетенции како камен темелник за интеграцијата во ЕУ

Локација на активности: Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија

Цел:

Да се подигне свеста за важноста од развој на клучните компетенции за доживотно учење во земјите од Западен Балкан како неопходен предуслов што треба да се исполни во процесот на евроинтеграции во регионот.

Задачи:

  • Да се воведе концептот на клучни компетенции и да се подигне свеста на релевантните јавни институции и младински организации за неговата важност и потенцијална употреба за развој на активно граѓанство;
  • Да се истражи моменталната ситуација во делот на обезбедување на клучните компетенции од страна на различни општествени актери, како почетна точка за нивен развој во согласност со препораките на Советот на Европа;
  • Да се постави рамка за континуиран, кохерентен и комплементарен пристап во обезбедувањето на клучни компетенции од различни општествени актери.

Резултати:

  • Зајакнати односи и реализирани заеднички иницијативи меѓу граѓански организации и национални институции чија што дејност се заснова на работа со млади и/или евроинтеграции во регионот
  • Направена анализа на моменталната ситуација во делот на обезбедување на клучните компетенции од страна на различни општествени актери
  • Создадена регионална рамка, со релевантни национални разлики, за континуиран, кохерентен и комплементарен пристап во обезбедувањето на клучни компетенции од различни општествени актери.
  • Зголемена свест на сите засегнати страни и општата јавност за важноста од фокусирањето на младите и развојот на клучните компетенции за одржливи ЕУ интеграции во сите четири земји
  • Институционалните партнери ги препознаваат придобивките од вклучувањето на младите во процесот на донесување одлуки
  • Зајакната регионална база на млади за лобирање

Јавните институции се поттикнати да донесуваат стратегии за развој на клучните компетенции.

Pin It