what-SMEs-can-expect-from-value-creating-innovation-management-consulting

Обуката има за цел да им помогне на сите оние кои активно бараат работа и сакаат да ги развијат и збогатат своите деловни вештини. Замислена е како обука која треба успешно да ги подготви учесниците за справување со секојдневните деловни предизвици, но и да понуди релевантна обука за оние кои сакаат професионално да се надградат. Поделена во три тематски единици, обуката се фокусира на:

  • воспоставување на позитивни односи со околината: развивање и унапредување на комуникациските вештини, справување со конфликтни ситуации, тимска работа и етика на работното место.
  • зголемување на личната продуктивност преку препознавање и градење на личниот стил на однесување, идентификација на личните мотивациски фактори и сопствен вредносен систем и важноста од поставување на приоритети.
  • зголемена ефективност при извршување на работните обврски преку зајакнување на вештините за презентација, реализација на ефективни состаноци, делегирање и контрола на задачи и менаџирање на време.

Обуката е препорачлива за невработени лица и лица кои во моментов го комплетираат високото образование, или се на почетокот од својата кариера, а сакаат да се стекнат со знаења и вештини кои ќе им го олеснат процесот на вработување и ќе ги направат конкурентни на пазарот на трудот. За посета на обуката се добива универзитетски акредитирана диплома според болоњскиот систем ЕКТС. Максималниот број кредити кои можат да се добијат од секоја од овие обуки изнесува 30.

Преземете ја деталната програма од обуката: Програма за основни деловни вештини

Локација: Скопје, Триаголник – тренинг центар
Времетраење: 52 часа
За подетални информации можете да не контактирате секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот на:
меил: info@triagolnik.org.mk

Pin It