НАЦИОНАЛНА АСОЦИЈАЦИЈА НА МЛАДИНСКИ РАБОТНИЦИ

На иницијатива на ТРИАГОЛНИК во соработка со повеќе од 40 владини и граѓански инситуции и организации во Март 2008 година основана е Национална асоцијација на младински работници (НАМР). НАМР постои со цел да се подобри квалитетот на младинската работа и подобрување на знаењето, вештините и однесувањето на младинските работиници со што би се обезбедил нивен личен и професионален развој.

Во иницијативниот одбор на Националната асоцијција на младински работници активно учество и свој придонес дадоа повеќе претставници на граѓански здруженија, поддршка беше добиена и од владиниот сектор, вклучувајќи ги Министерство за образование и наука и Агенција за млади и спорт.

ВИЗИЈА

НАМР е одржлива Асоцијација на младински работници и здруженија на граѓани кои работат во полето на социјалниот, професионалниот и личниот развој на младите луѓе во процесот на нивната транизиција од зависни до независни креатори на општествениот живот.

МИСИЈА

Мисијата на НАМР е да се развие и промовира професијата Младински работник и да се обезбедат стандарди за младинска работа кои ќе бидат препознаени  и прифатени од општеството.

Pin It