
90% од комуникацијата се одвива преку невербалните пораки. Тоа е голем процент на пораки кои најчесто ги испраќаме несвесно и многу малку ги познаваме. Ако сакате подобро да се претставувате себеси преку невербалните пораки кои ги испраќате, да ја зголемите својата самодоверба и подобро да ги разберете невербалните знаци кои ви ги испраќаат другите оваа обука е одлична можност за вас!
Преку оваа обука ќе можете:
- да ги откриете вашите јаки страни во невербалниот говор
- полесно да го кажете тоа што сакате да го кажете
- полесно да се разберете со другите
Наменета за: Сите оние кои се насочени кон личен развој
Содржина на обуката: Групирана во три сегменти
А) лице в лице- проксемика, контакт со очи, микроекспресии, допир, парајазик, мимики
Б) кон публика- подигнување на самодоверба, поставеност на телото, гестови, користење на тишина, декодирање на невербални пораки на група
В) професионално опкружување- комуникација со клиенти (подредени, надредени), помалку контролирана невербална комуникација (страв, трема, незадоволство и сл.)
Времетраење на обуката: 2 дена (16 часа)
Цена: 2000 денари
Пријавување на:info@triagolnik.org.mk
Содржина на уплата:
- Цел на дознака: Уплата за обука
- Назив и седиште на примачот: Центар за неформално образование Триаголник
- Банка на примачот: Прокредит Банка
- Трансакциска сметка: 380118317300170
- Цена: 2000 ден
Локација: Тренинг центар на Триаголник