Име на проект: Newborn

Локација на активности: Косово

Развојна цел

Сите млади луѓе се способни, организирани и активни граѓани, препознаени и активно придонесуваат кон развојот на демократско и мирољубиво општество

Програмска цел

  • Краткотрајна цел од 3 години – Младите мажи и жени кои ние ги таргетираме се организираат и учествуваат во процесот на донесување одлуки, ги бараат своите права и комуницираат меѓу себе, и остваруваат комуникација на ниво на различните заедници. Таргетирани младински лидери имаат капацитет да ги прифатат различностите и недискриминацијата.

Долгорочна цел од 10 години – Младите жени и мажи кои ние ги таргетираме се организирани и способни да учествуваат во процесот на донесување одлуки, ги бараат и практикуваат своите права, комуницираат меѓу себе, и остваруваат комуникација на ниво на различните заедници. Таргетирани младински лидери имаат капацитет да прифатат, промовираат и работат со различности и недискриминација.

Резултати

  • Таргетираните партнерски организации се зајакнати, со силно членство и ги застапуваат правата на младите луѓе.
  • Зголемен број на заеднички иницијативи меѓу различни заедници, подобрен контакт помеѓу младите луѓе.
  • Владата во Косово и институциите се информирани за европските и регионалните иницијативи на ниво на донесување политики;
  • Владините и другите институции имаат зголемено разбирање за неформалното образование и младинската работа во заедницата (2009) што ќе доведе до хармонизација на обуката за младински работници и нејзино премин од локална обука за квалификација кон квалификација на универзитетско ниво со цел да се подобри обезбедувањето на младински услуги (2010 – 2011).  
Pin It