Оваа услуга е наменета првенствено за организации и институции од граѓанскиот сектор кои започнале или планираат процес на организациски промени. Целта е преку модел на поддршка во процесот на воспоставување или ревизија на организацијата, да се креираат услови за одржлив и долгорочен развој. Тоа ќе овозможи секојдневно непречено функционирање и остварување на зададените цели и задачи. Тоа го правиме преку креирање на стратегија врз основа на особеностите и специфичните карактеристики на секоја организација/институција.

Клучните нешта кои овој модел треба да ги обезбеди се градење на внатрешните организациски капацитети; воспоставување организациски практики, политики и процедури; оптимизирање на организациските процеси; максимизирање на перформансот на организацијата. За успешно реализирање на овие процеси, консултантскиот модел  се темели на разработување на следните чекори:

  • организациска дијагноза/проценка
  • идентификација на клучни области на подобрување
  • спроведување на процес на целосно или делумно планирање
  • развивање на функционални стратегии (маркетинг, прибирање на средства, развој на човечки ресурси, истражување и развој на услуги итн.)
  • ревизија на организациски практики и процедури
  • серија обуки за самостојна имплементација на новитетите

За организациите кои сеуште се профилираат и започнуваат со работа, услугата вклучува и процедури за воспоставување на непрофитни организации:

  • Административни процедури
  • Идентификација на поле на работа
  • Формулација на стратегија
  • Дизајн на организациска структура
  • Дизајн на практики
Pin It