Име на обуката: Курс Основи на младинската работа во заедницата (6 модули)

Локација на активности: Куманово, Кавадарци, Теарце и Скопје (Македонија)

Период: 2008 – 2011

Целна група: Професори од основните и средните училишта, претставници од локалните институции, воспитувачи од Детски дом “11 Октомври”, граѓански сектор

Теми: Вовед во младинска работа во заедницата и личен развој; Период на адолесценција; Работа со индивидуи; Работа со групи; Работа со конфликт и различности; Менаџмент во младинска работа во заедницата.

Програмата е составена од 6 модули. Секој модул обработува специфична тема (од горенаведените) и трае околу 15 часа. Оценувањето на учесниците во програмата се врши врз основа на нивното присуство, учество и пишани задачи. Еден од обврзувачките елементи на овој курс е индивидуалната поддршка која им се дава на учесниците во облик на туторијали. Во текот на програмата потребно е да се направат 6 туторијали. Завршниот елемент на овој курс се состои од имплементација на задолжителна практична работа која е обврзувачка за секој учесник. Практичната работа се состои од приближно 25 саати директна работа со млади.

Од 2008 година, оваа програма континуирано се имплементира секоја година. Досега, 3 групи, со приближно 25 учесници во секоја група, го имаат завршено курсот во Куманово и Кавадарци а 2 групи во Теарце. 2 групи, со приближно 18 учесници, го имаат завршено овој курс во Детски дом “11 Октомври”, во Скопје.

Министерството за образование и наука го поддржува спроведувањето на овој курс согласно одлуката доставена во документ бр.11-1443/5.

Pin It