Партнерството е половина успех. Затоа успешноста се состои во внимателно бирање на партнерите. Токму како што Триаголник е вистинскиот партнер за вашиот индивидуален, организациски или бизнис успех, така и ние нашиот професионален пат и развој го градевме во партнерство со низа институции и организации. Тие ги препознаа нашите заложби, иницијативи, капацитети и потенцијали, вложувајќи дел од своите ресурси, знаење, практики и методи за да ни пружат поддршка во целосното исполнување на нашите цели.

Без несебичната поддршка, заложби, инвестиции, едукација и доверба Триаголник немаше да стане она што е денес-ресурсен центар број еден во областа на испорака на консултантски услуги за развој на капацитетите на бизнис секторот, индивидуите, граѓанските организации и институциите.

Затоа им искажуваме особена благодарност на:

Донаторите:
Шведската интернационална агенција за соработка и развој СИДА, Форум Сид и Европската комисија, за укажаната доверба кон нашите капацитети, искуство и подготвеност да имплементираме долготрајни и одржливи интервенции, како на национално, така и на регионално ниво.

Едукаторите:
На Универзитетот Јончипег од Шведска за отворањето на нови видици и перспективи, за пренесувањето на клучните знаења и експертиза, и затоа што ни овозможија во Македонија да имплементираме ефикасен модел нов на овие простори.

Граѓанските организации од регионот и Европа:
За заедничките дејствувања од областа на јакнење на улогата на граѓанскиот сектор и зголемување на неговото учество во процесот на донесување одлуки на национално и регионално ниво, им благодариме на довербата на Шведската непрофитна организација за интернационално посвојување Adoptionscentrum, ПРОНИ Центар за омладински развој – Брчко (Босна и Херцеговина), Форум МНЕ (Црна Гора), Форум Сид Косово и Европска агенција за младинско информирање и советување – ERYICA (Луксембург).

Националните граѓански организации и институции:
За соработката, подготвеноста за учење и споделување на знаења заради унапредување на квалитетот на младинската работа и директна поддршка за развој на младите индивидуи. Преку соработката  со 200 организации и институции од земјата и регионот, ги развивме капацитетите на граѓанскиот и институционалниот сектор и поставивме позитивен пример за пракса на соработка.

Универзитет на Југоисточна Европа (ЈИЕУ):
За остварувањето на вистинско развојно партнерство, заедничките вложени напори во насока на креирање на новиот работен профил младински работник, како и за заедничките заложби за препознавање и признавање на младинската работа и неформалното образование во Македонија и Косово.

Нашите волонтери и млади ентузијасти за искажаниот интерес професионално да се развиваат и активно да се вклучат во активностите на Триаголник. Без нивното несебично залагање и посветеност Триаголник немаше да успее во спроведувањето на своите програми и цели.

Pin It