Она што сите работодавци го бараат е сигурна, директна личност со изградени ставови, проактивна и мотивирана. Само таква личност, свесна за себе, своите квалитети, потенцијали и вештини, може да придонесе за здрава и ефективна професионална средина и личен развој. Специјално моделирана обука која се фокусира на градење на позитивна слика за себе преку концептот на асертивно однесување и асертивна комуникација. По завршувањето обуката ќе овозможи попозитивен, самосвесен и асертивен пристап кон себе и околината. По обуката учесниците :

  • ќе бидат способни да ги контролираат своите емоции и да ги изразуваат своите негативни чувства и ставови на конструктивен начин;
  • ќе имаат зголемена самодоверба да ги решаваат проблемите со исход во кој и двете страни добиваат;
  • ќе умеат да креираат позитивен имиџ за себе си во насока на градење на сопствената самодовера;
  • ќе знаат како да ги идентификуваат своите потреби и како истите да ги остварат преку примена на техниките на асертивна комуникација;
  • ќе знаат да ги препознаат сопствените граници и можности и да кажат „не“ кога тоа е потребно;
  • ќе се чувствуваат комотно да ги применуваат техниките на асертивно однесување во соодветни ситуации.

Обуката е соодветна за сите оние кои сакаат да придонесат за својот личен и професионален развој стекнувајќи се со вештини и техники кои ќе им го олеснат секојдневното функционирање и релации со околината и професионалното окружување.

Преземете ја деталната програма од обуката: Програма за обука за асертивност и градење на самодоверба

Цена: 3000 ден
Времетраење: 28 часа

За пријава на вашето учество потребно е да ја пополните Апликацијата за учество и да ја испратите заедно со потврдата од уплата на вкупниот износ до info@triagolnik.org.mk.
Содржина на уплата:
• Цел на дознака: Уплата за обука
• Назив и седиште на примачот: Центар за неформално образование Триаголник
• Банка на примачот: Прокредит Банка
• Трансакциска сметка: 380118317300170

За подетални информации можете да не контактирате секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот на:

тел: +389 70 340053

меил: info@triagolnik.org.mk

Pin It