Поседувањето преговарачки вештини ќе ви овозможи да бидетe чекор поблизу до реализацијата на вашите интереси. Не чекајте, инвестирајте веднаш во градење на своите преговарачки вештини!

Сетете се кога последен пат преговаравте…

Дали тоа беше кога побаравте повисока плата? Или можеби последното ваше преговарање беше дома околу некоја од домашните обврски?  Дали преговаравте на работа со цел да го продадете вашиот производ? Или можеби преговаравте со вашето друштво за тоа каде да излезете?

Оваа обука ќе ви овозможи да научите:

  • полесно да се справувате со луѓе со потешки карактери и во конфликтни ситуации
  • да ја препознавате важноста на врските, релациите во преговарањето
  • идентификувате кои информации ви се потребни за да преговарате ефективно
  • да евалуирате интереси, алтернативи и трети страни во процесот на преговарање
  • како да го претворите вашиот „противник“ во партнер
  • како вештините на убедување и влијание придонесуваат кон продуктивно преговарање
  • што добивате а што губите од вашиот преговарачки пристап

Во текот на обуката ќе бидете ставени во ситуации во кои ќе ги вежбате вашите вештини!

Сето ова ќе ви овозможи да се изградите во добар преговарач, кој знае како да го добие тоа што му е потребно. Ќе знаете како да ја добиете поголемата плата, ќе знаете како да преговарате со потенцијален купувач и стекнатите знаења ќе можете да ги примените во уште многу други секојдневни ситуации во кои преговарањето е клучно за вашиот успех.

Обуката е наменета за:

  • Преговарачи
  • Менаџери
  • Вработени во било која сфера
  • Невработени
  • Студенти

Преговараме секојдневно, затоа научете тоа да го правите добро!

Очекувајте:   

  • да ве провоцираме да се вклучите во дискусија (интерактивност)
  • да креираме ситуации во кои ќе ги вежбате вашите вештини (практични вежби)
  • да бидете дел од тим (работа во група)
  • да излезете надвор од својата комфорна зона (игра на улоги)
  • да добиете реален фидбек од искусни преговарачи

Оваа обука е фокусирана да одговори на вашите потреби од знаење. Ви овозможува практични и веднаш применливи знаења!

Времетраење на обуката: 12 работни часа (2 кафе паузи од 15 минути и една пауза од 30 минути)
Цена: 2000 денари

Пријавување за обуката: Пополнете апликација за учество и испратете ја на info@triagolnik.org.mk.

Начин на плаќање:

  • Цел на дознака: Уплата за обука
  • Назив и седиште на примачот: Центар за неформално образование Триаголник
  • Банка на примачот: Прокредит Банка
  • Трансакциска сметка: 380118317300170
  • Цена: 2000 ден

За подетални информации контактирајте нè секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот на:
тел: +389 70 340053
е-пошта: info@triagolnik.org.mk

Pin It