Име на проект: ProActive
Локација на активности
Држава: Република Македонија; Градови: Тетово; Куманово; Кавадарци
Развојна цел: Да се изгради одржлив модел на младинска работа, на локално и национално ниво, кој го олеснува развојот на вештини, знаење и ставови кај различните млади луѓе, ги поддржува во барањето на нивните права и ги поттикнува да земат активно учество во нивната заедница
Програмска цел:
- Различни млади луѓе во таргетираните области имаат вештини, знаење и ставови за да ги бараат нивните права и практикуваат проактивен пристап во нивниот живот и во заедницата;
- Партнерите (професорите, младинските работници, младинските организации и организациите кои работат со млади, родителите, образовните институции и носителите на одлуки на локално/национално ниво) ја препознаваат и поддржуваат младинската работа како значајна алатка која им овозможува на младите да постигнат автентичен интер и интра персонален развој.
Резултати:
- Групи на млади луѓе (волонтери на младинската банка, волонтери во младинската работа и волонтерската менаџмент структура на младинските клубови) се обучени и поддржани во процесот на донесување одлуки на локално ниво;
- Социјалното образование засновано на младинска работа (на пр. работилници за комуникациски вештини, самодоверба, ненасилно однесување, конфликт трансформација, презентациски вештини, асертивност, тимска работа, предрасуди и стереотипи, културна сензитивност, претприемништво, самовработување итн.) и младинската работа заснована на активности (квалитетна употреба на слободното време преку драма, уметност, спорт и останати активности) се имплементирани во овие области;
- Интеркултурното учење е овозможено преку младински размени, младински кампови, работилници и практична работа (директна работа со млади) имплементирана со млади од различна етничка и родова припадност;
- Потенцијалните младински лидери (професорите од формалното образование, активисти од граѓанскиот сектор) се образовани преку Курсот за Основи на младинската работа во заедницата;
- Застапување за интеграција на младинската работа во локалните институции.
- Организациски развој во административниот, финансискиот и менаџментот за човечки ресурси, имплементирани механизми за осигурување на квалитетот и покажана поддршка за воведување на систем на репортирање од страна на партнерските граѓански организации