Програма за волонтери
Во текот на месеците мај и јуни се одржа обуката за волонтери, преку која волонтерите се стекнаа со применливи вештини и знаења на три теми, клучни за целокупната работа на Триаголник. Обуката се состоеше од 3 тематски целини кои произлегуваат од главните активности кои што ги спроведува Триаголник, кои се:
- Стратешко планирање (Дефинирање на стратегија, SWOT анализа, Стратешки менаџмент, Визија, Мисија)
- Иновативност ( Дефинирање на основни поими од иновативноста , Иновативен менаџмент, Организациски систем за иновирање)
- Проектен менаџмент (Проектен циклус со секоја фаза подетално разработена)
Неколку од волонтерите од месец септември ќе можат да ги применуваат вештините преку волонтерска работа во Триаголник.