Живееме во време кога работните задачи од нас бараат 100% посветеност, работење со брзо темпо и извршување на повеќе работи во исто време. Сите овие фактори предизвикуваат стрес, немотивираност и неможност да се справиме со секојдневните (работни) обврски, што пак влијае на нашиот личен живот и благосостојба. Стресот на работното место е една од главните причини за намалената продуктивност, немотивираноста и лошите перформанси. Како да го елеминирате стресот и да останете продуктивни и исполнети како личност и вработен? Оваа обука ќе ви го даде одговорот и преку неа вие:

  • ќе знаете кои фактори придонесуваат за зголемување на личното ниво на стрес;
  • ќе знаете да направите анализа на сопствените ресурси во однос на извршување на работните обврски и да процените дали стресот кој го чувствуваат е оправдан или не;
  • ќе знаете да ги препознаете сопствените реакции кога се под стрес (физички, емоционални и когнитивни)
  • ќе усвоите практични техники за справување со стресот и ќе бидете способни да ги идентификувате техниките за намалување на стресот кои се најсоодветни за вас лично;
  • ќе знаете да препознаете како стресот влијае врз вашата мотивираност на работното место;
  • ќе усвоите практични техники како самите да се мотивирате за да ги подобрите постигнувањата на работното место.

Обуката е наменета за сите оние кои сакаат да научат како да го намалат и контролираат стресот на тој начин станувајќи поздрави, помотивирани и попродуктивни личности.

Преземете ја деталната програма од обуката: Програма за обука за стрес на работно место

Цена: 3000 ден

За пријава на вашето учество потребно е да ја пополните Апликацијата за учество и да ја испратите заедно со потврдата од уплата на вкупниот износ до info@triagolnik.org.mk
Содржина на уплата:
• Цел на дознака: Уплата за обука
• Назив и седиште на примачот: Центар за неформално образование Триаголник
• Банка на примачот: Прокредит Банка
• Трансакциска сметка: 380118317300170

За подетални информации можете да не контактирате секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот на:

тел: +389 70 340053

меил: info@triagolnik.org.mk

Pin It