Обучувачи

  • Континуиран мониторинг на обучувачите – секој обучувач задолжително се обзервира при реализација на секоја обука од страна на професионален евалуатор
  • Континуирано се прави проценка за доквалификација и надградба на секој обучувач
  • Сите обучувачи се сертифицирани да испорачуваат обуки од страна Институтот за едукација и комуникација при универзитетот Јончепинг
  • Евалуација на обучувачите – два пати годишно се врши евалуација на обучувачите од страна на професионален евалуатор

Програми за обуки

  • Сите обуки се испорачуваат според претходно подготвени програми кои се јавно достапни за сите заинтересирани за конкретна обука (објавени на веб страна и со можност за достава по имејл)
  • Во програмите за обуки се јасно наведени целите на обуката, знаењата и вештините кои ќе ги стекнат учесниците, местото и времето на одржување на обуката, програмата за обуката и имињата на обучувачот/обучувачите кои ја испорачуваат обуката

Методи/пристап на работа

  • За секој содржински сегмент од обуката се поставуваат исходи на учење (learning outcomes) за учесниците и преку различните форми на проценка и евалуација се проверува колку учесниците учат и научиле преку обуката
  • Учесниците добиваат континуиран фидбек за нивниот перформанс и прогрес во текот на имплементација на обуката
  • Дел од обуките предвидуваат и индивидуална поддршка за учесниците во вид на туторијали и менторски средби
  • Користиме интерактивни методи на работа – практични задачи…..
  • Обуките не се пократки од 25 часа директна работа со групата
  • Применуваме политика на доверливост (имиња и слики се објавуваат само со дозвола на учесниците на обуката)

Евалуација на обуки

  • Евалуација базирана на моделот на евалуација на обуки според Киркпатрик, кој модел подразбира евалуирање по однос на 4 нивоа:  Ниво 1: Реакција – задоволство од обуката; Ниво 2: Учење – стекнување знаења и вештини; Ниво 3: Однесување –промена во однесувањето; Ниво 4: Резултати –дали промените во однесувањето позитивно се одразиле на нивната организација/институција?
  • Користиме форма на финална евалуација на обуката која ги опфаќа сите сегменти – сите аспекти од содржината на обуката, методите на работа, постигнатото учење и стекнати вештини и знаења, работата на обучувачите
  • Врз основа на евалуациите се прави рејтинг на обуките кој е јавен и стои на веб страната покрај обуката на која се однесува
Pin It