Стратешкото планирање е без сомневање најбитниот сегмент кој гарантира одржливост и развој на едно претпријатие. Од неговата формулација до успешна имплементација зависи судбината и иднината на бизнисот и затоа е клучна дури и за најмалите бизниси. Нашиот модел на стратешко планирање е ориентиран само и само на резултати. Усвојувајќи го тој модел, ние гарантираме дека не само што ќе ја преживеете најкритичната прва година, туку и дека секоја следна ќе растете сè повеќе и повеќе. Не само по бројот на клиенти и вработени, туку и по профит.

Како го правиме тоа? Високата стапка на успешност и одржливост на нашиот модел се состои во високата применливост на знаења (преку практична работа, индивидуален пристап искуствено да се восприемат знаења), моделирањето по мерка (секој бизнис има свои специфичности, така и ги креираме нашите модели), експертиза и професионалност на консултантите. Последно и најважно – моделот е изведен врз база на темелна анализа на европски и македонски компании и институции. Кои планови, акции и стратегии се функционални? Кои не се и зошто? Посебен фокус е посветен на детектирање на најчестите грешки и нефункционалности кои резултираат со слаба реализација на плановите. Преку нивно елиминирање, креиран е модел кој ги сведува на минимум таквите грешки и на тој начин се гарантира максимална реализација на плановите и остварување на компаниските стратешки цели.

Пристапот кон секоја компанија се модифицира во зависност од тоа дали се работи за нова на пазарот или компанија која веќе има дефиниран пазар и услуги. Во зависност од тоа, услугите варираат помеѓу следните:

  • стратешко планирање како процес, смисла и функција на стратегија
  • видови на стратегии
  • генерирање и избор на стратегија
  • анализа на индустрија: конкуренција, добавувачи, дистрибутери, клиенти
  • анализа на надворешно окружување, вклучително и можности и закани
  • идентификација на конкурентска предност
  • внатрешна анализа: материјални, физички, човечки ресурси, силни и слаби страни, организациски процеси, оперативна ефикасност
  • (ре)идентификација на пазар, клиенти и производ (услуга)
  • ревизија на клучни изјави (мисија, визија, намера)
  • избор и развој на функционални стратегии (маркетинг, човечки ресурси, финансии)
  • ревизија на организациска структура, политики и процедури
  • годишни оперативни планови
Pin It