Триаголник модел на стратешко планирање

Стратешкото планирање е во силна корелација со способноста на еден бизнис или организација да ја преживее првата година на своето постоење, а понатаму и да расте од година во година зголемувајќи го опсегот на клиенти и пазари кои ги опслужува, бројот на лица кои ги вработува и секако профитот за неговите сопственици.

Овој раст секако значи и зголемена инвестициска моќ и способност да се мултиплицираат позитивните придобивки, како за себе така и за своите вработени и заедницата во која живееме. Во условите кои владеат на пазарот денес потребата за стратешко планирање повеќе не е предност или луксуз на големите корпорации, туку неопходност без која не може дологорочно да опстои и расте и најмалиот бизнис.

Додека праксата на стратешко планирање полека заживува и на македонскиот пазар, сепак резултатите и ефективноста на самите стратешки планови не секогаш го следат напорот вложен во процесот на негово креирање. Токму затоа, Центар за неформално образование Триаголник спроведе длабинска анализа на применуваните пристапи за стратешко планирање во Македонија и регионот, со цел да разработи концепт кој ќе биде специфично прилагоден на условите на нашиот пазар, ќе осигура повисок степен на применливост на плановите и фокус на опстојувањето на организацијата.

Согласно со заклучоците од оваа анализа поседуваме модел кој комбинира веќе етаблирани и ефективни пристапи со нови техники и методологија, при што истиот осигурува максимална ефективност на стратешките планови и долгорочно и оддржливо опстојување на организација.

Триаголник е спремен да ја подели одговорноста со вашата организација и да гарантира дека она кое заеднички ќе го развиеме вие ќе бидете во можност успешно да го реализирате, а оттука и да ги остварите целите кои сте ги поставиле пред вашата организација/институција.

Резултатите нема да изостанат.

Pin It