Тимот е основната единица од која зависи продуктивноста и успехот на компанијата. Но тимот не го прават луѓето собрани на едно место. Тимот не се раѓа преку ноќ, туку се гради низ посебен процес на запознавање, учење, обиди па и грешки. Од способноста на членовите да работат секојдневно заедно како едно, зависи функционалноста на тимот. Потребен ви е функционален тим кој побрзо и поекономично ќе ги спроведува проектите, работните задачи, ќе ги надминува предизвиците , ќе реализира и зголемува продажби и воопшто, ќе ја унапреди функционалноста и продуктивноста на компанијата.

Ние ви нудиме интензивна обука која за краток рок со сигурност од вашиот тим од индивидуи ќе направи тим кој работи како еден организам. Детектирајќи ја најчестата грешка на компаниите -испраќаат лица од различни оддели и тимови на обука за тимска работа пришто на крај завршуваат во различни тимови- нашиот модел е создаден да ги елиминира овие грешки кои на крај немаат никаков ефект. Можностите се две: сите индивидуи да поминат низ обуката за да се создаде совршениот тим; или, обука на група на менаџери кои во иднина ќе водат тимови на обука за креирање тимови, за да можат истите понатаму да создаваат и водат повеќе и различни тимови во вашата компанија. Одберете која можност одговара повеќе на вашите потреби и изградете го својот тим кој победува.

Темите опфатени се следните:

  • тимови наспроти работни групи, разлики и сличности
  • фази во формирање тим
  • улоги во тимот
  • фактори кои влијаат на ефективната тимска работа
  • култура во тимот
  • разбирање на функционирањето на тимовите и градење на кохезија
  • интер/интра-групна комуникација
  • интергрупни/интрагрупни конфликти и нивно разрешување
  • фактори на тимска мотивација
  • улогата на лидерот во градењето на тимот
  • стилови на водство и организациска култура
Pin It