Во секојдневното комуницирање конфликтите се непријатна, но неизбежна појава. Тоа е резултат на фактот дека различните луѓе имаат различни видувања, ставови, решенија и потреби во однос на различни ситуации. Така е во личниот живот, така е и во професионалното окружување. Тоа не може да се промени, но она што можеме да го промениме е начинот на кој ги разрешуваме и трансформираме овие конфликти.
Неразрешените конфликти силно влијаат на квалитетот на релациите на работното место и на мотивацијата па оттука и на продуктивноста на вработените. А со тоа се загрозува и успехот на компанијата. Првиот чекор кон трансформација на конфликтната комуникација е да се разбере конфликтот, да се увиди сопственото однесување и како тоа влијае врз останатите, потоа, да се научи јасно да се комуницира и да се препознаат неконструктивните реакции на другите. Затоа е неопходно сите вработени, а особено оние на менаџерски и раководни позиции да изградат вештини и ставови со кои конструктивно ќе одговорат на конфликтот и истиот ќе го трансформираат во насока на унапредување на меѓучовечките односи и зголемување на општиот учинок на организацијата.
Тоа се постигнува преку работење на следните теми:
- фази на развој на конфликтот
- реакции на конфликтни ситуации
- конфликтни стилови
- интереси, цели и потреби
- модели на разрешување на конфликти (трансформација, медијација, преговарање)
- разрешување на конфликти во групи/тимови