Како дел од посветеноста на Триаголник да ги развива капацитетите на индивидуите, а оттука и на заедниците и општествата во целина, веќе 10 години делуваме во насока на развој на професијата младински работник. Со пионерскиот чекор кој го направи Триаголник заедно со партнерите Универзитетот во Јончипег и Универзитетот на Југоисточна Европа (SEEU), конечно и Македонија доби едуцирани и специјализирани кадри од областа на младинската работа. Целта на оваа е програма е да се едуцираат и професионално оспособат младински работници и тренери кои ќе работат во насока на подобрување на состојбата на младите, максимално искористување на нивниот личен потенцијал и поттик за нивна активна улога во заедницата.

Додипломски студии за Лидерство и младинска работа во заедницата:

Како резултат на заложбите на Триаголник и ЈИЕУ во насока на препознавање и признавање на младинската работа како квалитетна и неопходна алатка за работа со млади, додипломските студии како целосна образовна програма започнаа да се имплементираат во 2011 година, акредитирани според Европски Кредит Трансфер Систем (ECTS).

Пост-дипломски студии за Младинска работа во заедницата:

Како резултат на ефектите и позитивните промени кои ги донесоа најпрво специјализираната едногодишна програма за Млади и лидерство во заедницата, а потоа и додипломските студии, од 2012 започнаа и последипломски студии од областа на младинската работа. Ова е прва програма од ваков вид во Македонија која ќе овозможи креирање на специјализиран академски кадар кој на експертско ниво ќе се вклучи во работата со млади.

Методите на студирање вклучуваат најсовремени алатки за стекнување на знаења и вештини од типот на онлајн предавања, студиски размени, ангажирање на професори од универзитетот од Јончепинг, како и користење на домашниот академски кадар со искуство во проблематиката која овие студии ја обработуваат.

Студиите се изведуваат на англиски јазик, а по нивно завршување, студентите се стекнуваат со двојна диплома од Факултетот за јавна администрација и политички науки при ЈИЕУ и од Факултетот за едукација и комуникација при Универзитетот Јончепинг.

Pin It