Име на обуката: Специјализирана програма за Лидерство и младинска работа во заедницата (12 модули)

Локација на активности: Скопје/Тетово (Македонија); Приштина (Косово)

Период: 2002 – тековно

Целна група: владини претставници, граѓански сектор, студенти

 

Теми: Вовед во младинска работа во заедницата и личен развој; Период на адолесценција; Работа со индивидуи; Работа со групи; Работа со конфликт и различности; Менаџмент во младинска работа во заедницата; Принципи на тренинг за младинска работа во заедницата; Вовед во истражување во младинска работа во заедницата; Тренинг програма за младинска работа во заедницата: одредување на цел, подготовка, имплементација и евалуација; Работа со конфликт и различности 2;  Тренинг: практична примена во реална средина, партнерство и употреба на тренинг материјали; Специфични општествени области кои се третираат преку тренингот, на пример род, насилство, дрога, етничка група, различност.
Ова е акредитирана програма согласно на европскиот кредит трансфер систем (ECTS). Од 2002 до 2007 беше акредитиран од Факултетот за едукација и комуникација, во Универзитетот во Јончепинг, Шведска. Од 2007 година е акредитиран од Универзитетот на Југоисточна Европа, во Тетово, Република Македонија. Програмата е поделена на две нивоа или два семестри, секој од нив составен од 6 модули. Секое ниво разработува специфична тема (од горе наведените) и трае од 20 – 25 часови. Оценувањето на учесниците во програмата се врши врз основа на нивното присуство, учество и пишани задачи. Еден од обврзувачките елементи на овој курс е индивидуалната поддршка која им се дава на учесниците во облик на туторијали. За секое ниво потребно е да се направат 6 туторијали. Завршниот елемент на овој курс се состои од имплементација на задолжителна практична работа која е обврзувачка за секој учесник. Практичната работа се состои од приближно 50 саати (во двете нивоа) директна работа со млади. Секое ниво (семестар) е акредитирано со 30 ЕКТС.

Од 2002 година, оваа програма континуирано се имплементира секоја година. Се до денешниот ден 8 групи од Левел А, со приближно 25 студенти во секоја група, го имаат завршено курсот и 5 програми од Левел Б, со приближно 25 студенти во секоја група, ја имаат завршено програмата. Во моментов една група од 38 учесници го следат Левел Б, во Приштина.

Pin It