Што имаат да кажат другите за нас

Питер Мекки, директор на компанија - Дара трејнинг, Ирска.

Користејќи ги консултантските услуги  на Триаголник, благодарение на нивното искуство, знаење и поддршка успеавме да обезбедиме континуиран раст и развој на нашата компанија, дистинктивна препознатливост на пазарот на труд, зголемен број на клиенти, задоволни и исполнети вработени. Одредувањето на функционални и релевантни стратегии е исклучително важно за една организација, всуштност тоа е гаранција за долгорочна успешност. Токму затоа од исклучително значење е и изборот на организација која ќе ве води низ овој процес, ние сме сигурни дека го направивме вистинскиот избор избирајќи го Триаголник.

Питер Мекки, директор на компанија - Дара трејнинг, Ирска.
Ларс Хартвигсон, Универзитет Јончепинг

Соработката со Триаголник ја одржуваме повеќе од 10 години, тоа е соработка заснована на доверба. Имено, Триаголник одигра клучна улога во имплементацијата на универзитетскиот курс, Лидерство и младинска работа во заедницата, во Македонија и Косово. Во име на Универзитет Јончепинг, неговите капацитети беа искористени за осигурување на квалитетот на имплементација на програмата, во согласност со поставените резултати на Универзитетот. Ние цврсто стоиме зад квалитетот кој Триаголник го нуди и испорачува.

Ларс Хартвигсон, Универзитет Јончепинг
Алба Заими, директор на Форум Сид Косово

Триаголник го гледаме како релевантен актер во процесот на развој на нашата организација. Ни помогна во креирањето на стабилна и одржлива организациска структура. Благодарение на развивањето на капацитетите на нашите вработени согласно поставените организациски цели и потребите на пазарот како организација се осамостоивме, ги намаливме трошоците, но го зголемивме полето на делување. Сега, како организација настапуваме постратешки, знаеме како да ги идентификуваме релевантните полиња на делување и развој и способни сме со сопствените капацитети да ги оствариме зацртаните цели.

Алба Заими, директор на Форум Сид Косово
Компанија: Ауто Плац

Секој сака бизнисот да му расте. Ама не секој знае како да го направи тоа. Дојдовме во Триаголник со проблем кој не знаевме да го идентификувавме. А си отидовме со полни раце работа и знаење кое треба да го искорстиме. Прво што направија луѓето од Триаголник е тоа што буквално се соживеаа со нас – како работиме, што сакаме да постигнеме, зошто сакаме тоа да го постигнеме. И потоа нè научија како да бидеме поуспешни. Со стратешкото планирање кое заеднички го изведовме, успеавме да ги диверзифицираме нашите услуги, да воведеме нови понуди со кои ќе се рашириме на пазарот и резултатите не изостануваат. Профитот веќе расте. А за тоа удел секако имаат и обуките за комуникација, презентација, тимска работа и разрешување конфликти. Сега имаме тим кој работи како едно на целите на фирмата. Поефективно, подобро, пообучено. Со еден збор-како совршено подмачкан мотор.

Компанија: Ауто Плац
Дејан Огненоски, учесник на обуката Обука за развивање и управување на проекти финансирани од ЕУ.

Методологијата која што ја применувате ми обезбеди да добијам применливо знаење. Совршената комбинација од теорија и пракса и пристапот налик менторство кој што го имавме од страна на обучувачите, ми овозможи во секој чекор да можам да разјаснам се што не ми е јасно.
Претходно посетував и друга обука од Триаголник и сум многу задоволен од начинот на кој што се стекнував со знаењето. Токму овој е начинот на кој што јас  учам, преку примери, преку обиди и грешки.
Кога избирам обука на Триаголник, знам дека избирам квалитет!

Дејан Огненоски, учесник на обуката Обука за развивање и управување на проекти финансирани од ЕУ.
Анета Попова Маринова , учесник на обуката Стратешки менаџмент на човечки ресурси

Доста интересна и корисна обука! Предавањата и презентациите беа јасни и насочени кон учење на сегменти од управувањето со човечки ресурси за кои претходно не сме имале предвид.
Игрите беа фини и предизвикувачки. Сè на сè, сум благодарна за тоа што имав можност да присуствувам на обуката!

Анета Попова Маринова , учесник на обуката Стратешки менаџмент на човечки ресурси
Зоран Китиќ, студент на Универзитетскиот курс Лидерство и младинска работа во заедницата, во Приштина

Секој оној кој работи со млади, па дури и родителите, знаат дека тоа не е нималку лесна работа. Генерацискиот јаз го прави своето, интересите и преокупациите се различни, како да зборуваме понекогаш на различен јазик. Како да им се доближиме на младите, да зборуваме ист јазик, да ги натераме да се заинтересираат и да бидат активни во заедницата? И во исто време да им помогнеме да ги решат сопствените проблеми, но и да ги препознаат и развијат своите потенцијали? Со тие прашања ја започнав обуката, и за среќа, ги најдов сите потреби одговори. Сега ефикасно го применувам наученото и им помогам на младите да се организираат, да ги изразат своите потреби и проблеми и да им се обратат на соодветните институции и организации кои би можеле да им помогнат.

Зоран Китиќ, студент на Универзитетскиот курс Лидерство и младинска работа во заедницата, во Приштина
Вера Петровска, Раководител на воспитна служба во Детски дом „11 Октомври“ Скопје

Преку обуката за организациски развој, сега нашата организација може поспремно, посоодветно и постручно да одговори на предизвиците со кои секојдневно се соочуваме. Креиравме годишни оперативни планови, применуваме нови форми и процедури на планирање, поставуваме очекувани резултати. Сè оди многу полесно. Кога ќе се појави проблем, правиме план за чекорите кои треба да се преземат, соодветно на потребите на децата за да се подобри одредено однесување. Го унапредивме и квалитетот на работа со млади, затоа што сепак, младите се оние за кои сме тука, и нивната благосостојба и добробит се на наше прво место. Обука која би ја препорачала на секој кој работи со млади и сака да го прави тоа на најдобриот начин.

Вера Петровска, Раководител на воспитна служба во Детски дом „11 Октомври“ Скопје
Анета Спиревска, учесничка на обуката Асертивност и градење на самодоверба

Во оваа група навистина ми беше пријатно, мислам дека имавме чест да бидеме обучени од навистина професионални обучувачи. Сите вие сте едно делче од мојата самодоверба и ви благодарам за тоа.

Анета Спиревска, учесничка на обуката Асертивност и градење на самодоверба
Моника Стојанова, учесничка на обуката Асертивност и градење на самодоверба

Презадоволна сум од севкупниот ангажман на обуката, начинот на кој ни беа доближени работите, многу професионален, а воедно пријателски, отворен пристап кон сите нас!.

Моника Стојанова, учесничка на обуката Асертивност и градење на самодоверба
Александра Јадровска, АД Европа

Обуката за Трансформација на конфликти во работна средина беше одлична можност за личен и професионален развој. Доколку сакате мислењата, знаења, вештините и пред сè впечатоците да ги паметите долго како едно позитивно искуство кое може навистина да ве промени, треба да учествувате во една ваква обука.

Александра Јадровска, АД Европа
Pin It