Бројот на компании и институции кои имаат потреба од професионалци со компетенции и вештини за успешно проектирање, менаџирање, управување и искористување на ресурсите и водење на ЕУ-финансирани проекти секојдневно се зголемува. Сè поголем број работодавци бараат вработени кои ја владеат оваа област, а тоа значи дека учесниците многу полесно може да дојдат до вработување и да ги искористат своите знаења, вештини и компетенции. По успешно завршената обука, учесниците ќе се стекнат со компетенции во областа на:

  • Идентификација на соодветни можности за финансирање од ЕУ
  • Развивање на ефективни партнерства (разбирање на принципите за партнерство, идентификување на соодветен партнер, градење на партнерски односи, заедничка подготовка на проектниот предлог, одржување на тесна соработка во процесот на имплементација на проектот)
  • Подготовка на успешни проектни предлози (поставување на реалистични цели и одговарање на реална потреба за проектна интервенција, претставување на проектот според дадените насоки, користење на логичка рамка, подготовка на буџет)
  • Зајакнување на конкурентноста на организацијата
  • Ефективно управување со проект (разбирање на Договорот за грант, управување со промени во Договорот за грант, спроведување на набавки, примена на правилата на ЕУ за видливост)
  • Поднесување на извештаи за користењето на ЕУ фондови (мониторинг, форми и начини на известување)

Оваа обука е наменета за оние кои  сакаат да се стекнат со нови вештини и компетенции, или да ги подобрат постоечките, од областа на проектно менаџирање и подготовка на проектни предлози, како и за сите оние кои работат во проекти во рамки на граѓански организации, локална самоуправа и институции.

Кога и каде ќе се спроведе обуката?

Обуката содржи 28 часа директна работа со групата. Во текот на обуката ќе има по две кафе паузи по ден и по една пауза од 30 минути. Обуката ќе се одржи во Тренинг центарот на Триаголник.

На крајот од обуката секој учесник добива сертификат.

Потребно е потенцијалните учесници да имаат познавање од англиски јазик и работа со компјутери.

Преземете ја деталната програма од обуката: содржина на обуката за развивање и управување на проекти финасирани од ЕУ

Цена на обуката: 3000 денари 

За пријава на вашето учество потребно е да ја пополните Апликацијата за учество и да ја испратите заедно со потврдата од уплата на вкупниот износ до info@triagolnik.org.mk 
Содржина на уплата:
• Цел на дознака: Уплата за обука
• Назив и седиште на примачот: Центар за неформално образование Триаголник
• Банка на примачот: Прокредит Банка
• Трансакциска сметка: 380118317300170
За подетални информации можете да не контактирате секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот на:
 
Pin It