Можност за волонтирање во Триаголник!
Центар за неформално образование Триаголник објавува оглас за регрутација на волонтери.
Можат да аплицираат сите студенти кои имаат слободно време и кое сакаат продуктивно да го исполнат, преку зајакнување на нивните професионални капацитети. Избраните кандидати ќе имаат кратка обука пред почетокот на волонтирањето.
Кандидатите треба да поседуваат:
- основни комуникациски вештини
- способност за тимска работа
- мотивација за стекнување на нови знаења
- почитување на зададени рокови
- солидно познавање за работа со компјутер
- солидно познавање на англиски јазик
Кандидатите потребно е да бидат достапни во периодот од 8 до 16 часот, да не се постари од 25 години и да не се во постојан работен однос.
Сите заинтересирани, можат да аплицираат со испраќање на CV и мотивационо писмо на marija.samardjioska@triagolnik.org.mk (опционо kosta.eftimov@triagolnik.org.mk ) најдоцна до 10ти март.
Мотивационото писмо треба да содржи појаснување за:
- Мотивацијата на кандидатот за волонтирање во Триаголник
- Придобивките кои кандидатот би ги имал од волонтирањето
Ќе бидат контактирани само оние кандидати кои ќе влезат во потесниот круг на изборот.
На избраниот волонтер/волонтери ќе му биде исплатена соодветна финансиска надокнада за пат и хранарина утврдена со законот за волонтери.