Име на проект: АЛТИО - Обука за застапување и лобирање за организации кои работат со млади (IPA 2009 – Civil Society Facility – Regional Programmes)

Локација на активностите: Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина

Општа цел/и

  • § Да се зајакнат граѓанските организации кои работат со млади во Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина за нивно ефективно влијаење врз процесите на донесување на одлуки на национално и регионално ниво
  • § Да се креираат меѓусекторски политики кои ќе овозможат полесен пристап до пазарот на трудот за млади луѓе од ранлива категорија

Специфична цел

  • § Да се изградат капацитетите на граѓанските организации кои работат со млади од ранлива категорија за користење на застапувањето и лобирањето како алатки за креирање одржливи општествени промени

Резултати:

  • Таргетираните граѓански организации во трите земји имаат знаења и вештини да практикуваат застапување и лобирање на национално ниво
  • Зголемено знаење/разбирање на граѓанските организации за националните/европските закони и прописи од областа на младите
  • Креирани контакти/мрежи меѓу младинските граѓански организации на национално и регионално ниво
  • Имплементација на кампањи за застапување поврзано со правата на младите, реализирани во национално партнерство помеѓу граѓански организации кои работат со или за младите а се однесуваат на зголемување на вработеноста на ранливите категории на млади: млади Роми, млади жени, млади со хендикеп, млади од рурални средини и млади без родители и родителска грижа
  • Зголемена прекугранична соработка во промоција на правата на младите
  • Зголемена јавна свест за важните младински прашања, особено за оние коишто се однесуваат на ранливите групи

Зголемена комуникација меѓу јавните институции и граѓанските организации во однос на младинските политики

Pin It