Име на проектот: Програма за застапување и лобирање за млади Роми активисти во граѓански организации 

Главната цел на овој проект е да се зајакнат капацитетите на младите Роми, активисти од граѓанските организации кои работат со млади во иднина да иницираат одржливи интервенции базирани на правата на нивната целна група.

Целна група: млади Роми, активисти во граѓански организации кои работат со млади од Скопје и Куманово

Очекувани резултати:

  • Да се зголеми свесноста на таргетираните активисти од граѓанските организации за потребата од активности за лобирање и застапување за постигнување на општествени промени
  • Да се изградат капацитетите на таргетираните активисти од граѓанските организации и нивните организации да ги користат лобирањето и застапувањето во развивање на национали политики
  • Да се поттикне воспоставување на партнерства помеѓу активистите од граѓанските организации и нивните организации со локалните власти, како и одржување на партнерствата за да се направи поголемо општествено влијание

Во рамките на проектот превидени се следниве активности:

  • обука за застапување и лобирање за младите Роми претставници од граѓански организации
  • пренос на стекнатото знаење во организациите од кои доаѓаат учесниците
  • работилница со локалните власти на која ќе се разгледаат можните подобрувања на локално ниво за младинско учество
  • практична работа, односно развивање на предлог кампањи за застапување и лобирање, кои ќе се работат под менторство на искусни ментори;
  • подготовка на прирачник за застапување и лобирање базиран на теренските искуства, како придружен материјал кој младите и организациите можат да го користат во иднина

Со имплементацијата на овој проект, Центар за неформално образование Триаголник ги продолжува своите заложби за градење на капацитетите во граѓанскиот сектор кој ги застапува интересите на различни целни групи.
Овој проект е поддржан од Европската Младинска Фондација (EYF).

Pin It